• Сподели на:

Топ 4 домашни производи за зимска нега

___

Надвор температурите се повеќе се намалуваат, а тоа е доволен знак за да обрнеме внимание повеќе на нашата кожа.  Кожата во зима има повеќе тенденција да биде сува и збрчкана, па за да го избегнете овој неубав изглед, потрудете се околу нејзината грижа. Ние ќе ви помогнеме околу тоа со неколку домашни рецепти за нега на кожата.

Домашно приготвен лосион за чистење

За ова потребно ви е еден лимон, една чаша јогурт од 2 дл, исцедете го лимонот и добијте еднаква смеса. Оваа текстура треба да ја нанесете и да масирате со кружни движења околу 10 минути, а потоа исплакнете ја со топла вода. Овошните и млечната киселина во овој лосион за чистење, ги отвора порите, ја чисти нечистотијата и ја прави кожата свежа и сјајна. А ако сакате домашен пилиг, измешајте 1 лажичка шеќер, 1 лажица мед со 1 лажица лимонов сок. Овие состојки се совршени за пилинг, а воедно овошните киселини ќе ја светнат вашата кожа.

Зимски тоник

Лимонов сок измешан со 1 лажица јаболков оцет може да биде одличен тоник за вашето лице во зима. Нанесете го тоникот со памук за лице, ставете доволно од смесата не штедете и на крај исплакнете се со вода. Исто така може да си направите тонер од сок од краставица, чај од камилица и алое вера гел, овие состојки ќе го исчистат вашето лице, а воедно ќе ја смират кожата.

Домашна природна крема

Крема подготвена на домашен начин со масло и помага на вашата кожа во зима да не се исуши и да не испука. Земете путер, растопете го, додадете маслиново масло и масло од ванила или екстракт од ванила за малку мирис. Вака приготвената смеса чувајте ја на природна температура и нанесувајте пред легнување. Лицето ќе ви биде благодарно наутро.

Лосион против стареење

За да вашата кожа биде еластична и млада, треба да ја храните и негувате доволно. Да ја зачувате од студот и да не се создадат брчки во зима, може да си приготвите домашен лосион. Земете краставица, авокадо, масло од јојоба, нане и дестилирана, вода. Сите овие состојки ставете ги во миксер и на крај складирајте ги во стаклено шише. Чувајте го овој лосион во фрижидер и вашиот лек против стареење знаете кај можете да го најдете.


Оставете коментар

___