Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

новости и трендови

Топ 3 зеленчуци кои го уништуваат целулитот

Во борбата против целулитот најважна е здравата исхрана полна со овошје, но и зеленчук. Зеленчукот содржи многу витамини и минерали кои се неопходни за јакнење на ткивата. Повеќе зеленчук во исхраната, во комбинација со помало количество на шеќер, и поголема количина на протеини и вода, помагаат во воспоставување на нормално ниво естроген во крв, како и го регулираат шеќерот во крвата, кои всушност претставуваат важни фактури во борбата против целулитот.

Не заборавајте дека во борбата против целулитот, како и несаканите килограми, потребно е менување на навиките во исхраната. Темелна промена во исхраната помага во намалување на грдите дупчиња по кожата на газот и бутовите.

Зошто зеленчук:

Свежиот зеленчук содржи повеќе витамин Ц од кое било овошје. Поради тоа што витаминот Ц игра главна улога во зајакнување на сврзното ткиво, најдобро што можете да направите за да имате мазна кожа на газот и бутовите е секојдневно во своето мени да имате неколку порции зеленчук, особено свеж. Некоја салата од свеж зеленчук нека биде дел од вашето секојдневие, а со секој ручек и вечера јадете варен зеленчук.

За зајакнување на сврзното ткиво исто така влијае и аминокиселините и селенот, кои ги има во зеленчукот и овошјето. Калциумот помага во порбата против задржување на течности и штетни материи во ткивата, а зеленчукот е особено богат со калциум како на пример: патлиџанот, карфиолот и аспарагусот.

  1. Сладок компир

Еден од најстариот зеленчук кој му е познат на човекот, а воедно и еден од најхранливиот и најздравиот зеленчук, а исто така е и идеален во борбата против целулитот. Содржи калциум, витамин Ц и Е, како и бета каротен. Исто така е и одличен антиоксиданс. Овој зеленчук е број еден во подобрување на циркулацијата и во елиминирањето на токсините – две најважно работи кои се потребни за отстранување на целулитот.

  1. Брокула

Овој зелен зеленчук е одличен борец против целулитот поради три причини: прво, брокулата содржи алфа липоична киселина која помага против зајакнување на колагенот. Втора причини, брокулата е концентриран извор на витамин Ц. Трета, брокулата е еден од најдобрите немлечни извори на калциум.

  1. Прокељ

Одличен е во борбата против целулитот. Овој зеленчук освен витамин Ц, содржи и индол -3- карбинол (I3C) кој кога се конзумира во организмот се претвара во di-indolil metan (DIM). DIM им помага на ензимите да го блокираат настанувањето на 16-ОН естроген, штетни материјали кои одговараат за губење на квалитетот на колагенот.

И, не заборавајте!
Во тек на готвењето на зеленчукот, треба да готвите на мала температува, со што е можно помалку вода или на пареа. Така ќе ги зачувате витамините. И за крај, не заборавајте дека во борбата против целулитот покрај правилната исхрана и доволно вода, помага и физичката активност.

Advertisement
Advertisement

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...