Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

новости и трендови

Течна пудра наспроти пудра во прав: Кој е најдобриот избор за вас?

Кои се најголемите разлики помеѓу овие два вида пудра? Дали едната е поефикасна од другата? Која е полесна за нанесување? Која од нив е подолготрајна? И најважно од сè, дали видот на вашата кожа треба да биде фактор во изборот на видот на пудрата?

Позитивни страни на течната пудра:

Лесно се впива во кожата и често пати не се забележува дека ја носите.
Немате потреба од четки за нанесување, можете брзо и едноставно да го направите тоа со вашите раце.
Многу често потребно ви е само мала количина од производот за да ги скриете несовршеностите на вашето лице.
Се препорачува за многу сува или постара кожа бидејќи таа нема тенденција да ги нагласува порите и брчките како пудрата во прав.
Предизвикува кожата на лицето да има сјај и да изгледа свежо.

Негативни страни на течната пудра:

Не трае толку долго како пудрата во прав (особено врз очите) и може да стане сјајна и да се движи околу вашето лице.
Не е добар избор за мрсна кожа.
Функционира добро само ако ја нанесете врз хидратантна крема.
Не можете лесно да комбинирате неколку различни бои на пудра како што тоа можете да го правите со пудрата во прав.

Позитивни страни на пудрата во прав:

Овозможува мат и кадифен изглед на вашата кожа.
Трае многу подолго, особено ако е нанесена врз основа.
Можете многу лесно да комбинирате различни бои и текстури, што е особено одлично за шминката врз очите.
Помага да се апсорбираат маснотиите од кожата, па не се набира лесно.
Најдобар избор за мрсна кожа.
Може да биде употребена врз различни видови продукти за кожата.

Негативни страни на пудрата во прав:

Може да предизвика да изгледате постаро бидејќи може да се набере околу вашите брчки.
Доколку има премногу мат изглед, таа може да предизвика вашата кожа да изгледа монотоно.
Најчесто треба да биде нанесена со четка и бара одредена техника за нанесување.
Изгледа помалку природно врз вашата кожа.
Може да предизвика вашата кожа да изгледа суво или дехидрирано.
Може да настане „ронење“ на пудрата околу очите.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement