Во линијата на најголемите козметички компании се појавија кармини во јако црвени, портокалови, розеви и виолетови нијанси. Важно е само да ги вклопиме бојата на карминот со гардеробата.
Јаки, интензивни и ведри бои се веќе неколку сезони во тренд како на модната сцена така и во козметиката. Сепак, ова лето доминираат повеќе од кога било. Така, во линиите на големите козметички компании се појавија кармини во јако црвени, портокалови, розеви и виолетови нијанси.
Инаку, стилистите ги предлагаат како ви дневната така и во ноќната козметика. Важно е само да бидат усогласени боите на карминот со гардеробата. Единствено на тој начин вашиот изглед ќе биде комплетен, женствен и атрактивен.
Светлите тонови не се резервирани само за посебни пригоди, сега стилистите ги препорачуваат во дневна и лежерна гардероба. Акцент се става на контрастите, па најдобро е сенката на очите да биде во контраст со карминот на усните.
Подлога
Со светли кармини се препорачува светла и лесна текстура на пудра. Јагодиците, носот, челото и брадата нагласете ги со бронзени нијанси. Доколку имате подочњаци “скријте ги“ со коректор, доволно е да нанесете еден слој и нежно да размачкате.
Избор на бои
Најважно е нијансата на карминот да одговара, односно да ја прилагодите за вас.
*Доколку сте плавокоса најдобро ќе ви одговараат нијанси на црвен кармин со портокалови тонови, додека на црнокосите најдобро ќе им одговараат нијанси со кафеави тонови.
*Корално портокалови кармини одговараат на плавокосите, додека светлите и сиви тонови на бринетите и црнокосите.
*Розевите нијанси со бисерни тонови одговараат на црнокосите.
Совет плус
Пред да нанесете кармин на усните ставетен лесена течна пудра или крема за тонирање со цел карминот подолго да трае. Доколку сакате да ја истакнете и бојата и усните, ставете и моливче кое одговара со нијансата на карминот.

You must be logged in to post a comment Login