• Сподели на:

Супа диета: 7 дневен режим за 3 килограми помалку

___

Диетата со магичната супа освен што помага при слабеење, таа одлично го чисти организмот од отрови. Направете ја супата, а следните шест дена само подгревајте ја и комбинирајте ја со намирници кои се користат со диетата точно како што ви се одредени.

Супата е препорачлива да се јаде до три пати во текот на денот. По третиот ден ќе приметите дека губите на тежината. Немојте да се изненадите ако воочите дека за толку малку време сте симнале 3 килограми.

Состојките на супата: 6 главици лук, 1 главица зелка, 1 целер, 2 зелени пиперки, 4-5 домати, 1,5 литар вода, 2 супи од кеса или коцки за пилешка или говедска супа, магдонос и сол.

– Првиот ден – Само супата и овошје (не банани), незасладувани чаеви и вода.

– Вториот ден – Супа и зготвен или свеж  зеленчук, избегнувајте грав, пченката е одлична да се комбинира со печен компир со малку сол и масло.

– Трет ден – Супа и сите врсти на овошје и зеленчук.

– Четврти ден – Супа, немасно млеко, јогурт или кефир, банана (не повеќе од 3).

– Петти ден – Супа, 2 до 3 мали парчиња говедско месо и зеленчук (не компир)

– Шести ден – Исто како и петтиод ден

– Седми ден – Супа и интегрален ориз, со било кој зеленчук како додаток.


Оставете коментар

___