Најдобро е да користите одделни спинови, наместо целиот ред вештачки трепки. Ова не само што изгледа убаво, но и далеку поприродно.
Индивидуалните вештачки трепки се препорачуваат за почетници, бидејќи едноставно се полесни за ставање. Земете го првото снопче со пинцета и потопете го во специјално лепило (во никој случај не користете обично).

Затвортете го окото и, почнувајќи од надворешниот агол навнатре, залепете го снопчето внимателно. Трудете се да ја следите линијата на трепките максимално. Густината зависи од крајниот резултат кој сакате да го постигнете – погусти или поприродни трепки. Еден трик: Ставете неколку во надворешниот раб на окото, повеќе на густо распоредени, за да изгледаат трепките подолги и да ви го “отвараат” погледот. Нацртајте контура на окото над вештаките трепки со помош на течна очна линија. Потоа можете да ставите и малку маскара на сопствените трепки, за да го засилите погледот и да го нагласите драматизмот.


You must be logged in to post a comment Login