Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

новости и трендови

Сенки за очи кои мора да ги има секоја жена

Безразлика дали сакате да креирате задимена шминка за вечерното излегување или само да ги осветлите очите во текот на денот, постојат пет универзални нијанси на сенки кои секоја жена треба да ги има во својот несесер со шминки. Овие пет нинајси се доволни да го креирате било кој изглед, едноставен или интензивен.

Светкав шампањ

Може да нанесете бледо на краевите од окото за да креирате „буден изгглед“ и да го живнете уморното лице или да ја истакнете коската под веѓата, кога имате задимена шминка. Може да ја нанесете и на врвовите на јаболчниците, за да го постигнете сјајниот ефект на лицето, како и да ја нанесете на целиот очен капак, кога носите темен кармин.

Чоколадно кафена

Таа е најдобриот начин за да го постигнете задименото око. Нанесете на капакот, а на краевите нанесете од горе споменатата светкава шампањ боја.

Мат сивокафеава

Совршена е за секое око, не е нападна, а одлично ве вклопува со тенот на лицето и ги истакнува трепките.

Сјаен бакар

Светкавата златна боја е најдобрата летна сенка. Таа е лесен начин да се дефинираат вашите очи за вечерно излегување и да го истакнете тенот. Плус, бидејќи сенката е во семејството на неутрални нијанси, таа е неверојатно лесно да се нанесе – само во еден потег!

Мат црна

И секако, неизбежната црна. Одберете мат, наместо светкавите црни, ќе ја употребувате многу повеќе.
Преку денот со малку вода на четка може да се користи како ајлајнер, а вечерта за интензивна шминка.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement