Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

новости и трендови

Решение за совршенo чиста кожа: Сапун со активен јаглен

Активниот јаглен е природна состојка која се користи во формулите за правење на лековити сапуни. Неговата употреба најмногу се препорачува на личностите кои патат од акни и митесери, а донесува одлични резултати.

Ја чисти и ја хидрира кожата, а ќе ги отстраните и вишокот од сало од кожата и мртвите ќелии. Без премногу труд ќе го направите овој сапун во вашата кујна.

Состојки: 2 сапуни по ваша желба, 10 таблети активен јаглен (од аптека), лажица мед, лажица бадемово или маслиново масло, 150ml топла вода или чај од камилица, сад за топење на сапунот на водена пареа (пожелно е метален сад).

Припрема: Ставете вода да се грее. Додека водата не зоврие, изрендајте го сапунот и сварете чај од камилица. Користете сушени цветови, а не чај од филтер кесички. Кога водате ќе зоврие, намалете го оганот на минимално. Изренданит сапун истурете го во сад, додајте 150ml топол чај или  топла вода, мед, масло и измешајте го добро.

Сапунот да се истопи е потребно од 20-40 минути, зависи од производителот и состојките во спунот. Потребно е да се добие слична густина како тесто. За тоа време повремено мешајте за да не дојде до испарување, но ако сапунот сепак испари, слободно додајте малку топла вода. Додека сапунот се топи, вие спремете калапи. Внатрешноста на калапите намачкајте ги со масло, за да подоцна кога ќе се направи сапунот полесно да ги отстраните.

Кога смесата ќе биде изедначена без грутки, додајте активен јаглен и мешајте. Ако сте купиле јаглен во таблети, истолчете ги добро. Калапите  ги потполнувате со смесата, сапунот го сечете на мали парчиња и ги оставате 3-4 дена да се исуши а повремено и превртете ги на друга страна.

Со редовно користење на сапунот, допринесувате за одржување на здравјето на кожата на природен начин и ќе се уверите дека вашата коса може да биде не само чиста, туку и свиленкасто мека, нежна и мазна.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement