Шеќерната паста е средство за депилација која се состои од шеќер, лимон и вода. Смесата можете да ја направите сами, доколку вашиот салон ја нема истата. Кај отстранувањето на влакната шеќерната паста нема страв од израснати влакна и иритација на кожата. Болката е неспоредливо помала отколку кај депилацијата со восок, а со тек на време се смалува и бројот на влакна и тие стануваат се помеки и поретки.
Во принцип, овој начин на депилација допринесува во затворањето на фоликулите на влакната и го оневозможува нивниот раст. По депилација со шеќерна паста, вашата кожа ќе биде нежна и мазна.
Шеќерната паста се препорачува и за отстранување на влакна од интимните делови, како и за отстранување на влакна од рацете.

You must be logged in to post a comment Login