Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

новости и трендови

Природни третмани за лузни од лице

Најлошиот дел околу акните е тоа што понекогаш тие оставаат лузни на вашата кожа. Како да се ослободите од лузните? Ние ви го претставуваме најлесниот начин на кој ќе ја подобрите состојбата на вашето лице преку секојдневната исхрана.

Краставица

Краставицата е добра за да се одржи кожата мека, а помага и при третирање на лузните добиени од акни. Ако не сте забележале досега, многу козметички производи содржат краставица во својот состав токму затоа што таа ја подобрува кожата.

Маслиново масло

И ова масло е одлично за лузните добиени од акни. Помага за омекнување на кожата, како и за намалување на црвените дамки, така што вашата кожа ќе изгледа многу поубаво и свежо. Можете да нанесете колку што сакате на проблематичната кожа.

Алое Вера

Алоето долго време е природен лек против акни и лузни од акни. Алое Вера растението придонесува во побрзо и ефикасно заздравување на оштетената кожа и многу често се користи во козметичката индустрија.

Масло од чајно дрво

Маслото од чајно дрво е фантастично и помага да го намалите ефектот на лузните добиени од акни. Доаѓа од Австралија и се употребува за заздравување на кожата од акни и лузни добиени од истите.

Јаболков оцет

Јаболковиот оцет не е добар само за прочистување на организмот, туку тој е добар и за лузните добиени од акни. Нанесете го на проблематичната кожа, откако предходно убаво ќе ја исчистите и оставете го да дејствува околу 30 минути. Потоа исплакнете го лицето со ладна вода и исушете го. Ќе забележите одлични резултати.

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...