Кога кожата пребрзо ќе се растегне, настануваат стрии кои и не се баш најпријатни. Стриите се наједноставни белези од везивното ткиво. Стриите неможат во потполност да се отстранат со некои природни масла.
Стриите најчесто се појавуваат на рацете, нозете, задникот и стомакот. Дури и градите се склони за добивање на стрии. Но, без грижа, овие природни препарати ќе ги ублажат овие белези.
Измешајте масло од рузмарин со бадемово масло и секој ден масирајте ја оштетената кожа 15-20 минути. Тоа ќе ја затегне кожата и ќе ги намали овие видливи белези. Кога ќе се измеша со масло од ружа, масло од пченични снегулки ова може да ги намали стриите. Се што треба да направите е два пати во неделата со овие масла да ги масирате подрачјата зафатени со стрии.

You must be logged in to post a comment Login