За вашата кожа повторно да “продише”, да биде мека и нежна, треба да и ја вратите енергијата, најдобро да ја третирате со пилинг од сол.
Ако сте се замориле и чувствувате потреба за “препораѓање” и опуштање,вистинско време е да си дозволите еден спа третман во удобноста на вашиот дом. За вашата кожа повторно да “продише”, да биде мека и нежна, би требало да и ја вратите енергијата, најдобро да ја третирате со пилинг од сол. Пилингот од сол совршено ќе ја исчисти вашата кожа и ќе ги отстрани мртвите ќелии кожа, а што е најдобро од се можете да го припремите сами, и тоа без премногу пари.
Состојки: ½ шолја бадемово или некое масло за масажа. 1 шолја морска сол, 5-10 капки квалитетно етерично масло по избор. Немојте да користите обична јодирана сол, бидејки е премногу остра за кожата. Ако имате осетлива кожа, можете да користите и шеќер.
Подготовка: Ставете сол (или шеќер) во мала чинија, додајте масло и не=но мешајте со лажица. Смесата мора да биде хомогена, ное не премногу мрсна, затоа внимавајте колку масло додавате. Добро промешајте, бидејки не би требало да се плива во масло. Потоа, капнете неколку капки етерично масло, ако сакате пилингот да биде со интезивен мирис, тогаш додадете и многу повеќе капки. Сето тоа промешајте го добро и готово. Едноставно, но ефектно! Угодете си на својата кожа и своето тело.
Пилингот нанесувајте го еднаш во неделата, добро истријте, нека одстои неколку минути и потоа влезете под топол туш.

You must be logged in to post a comment Login