• Сподели на:

Пилинг за лице од ориз

___

Оризот се наоѓа во секое домакинство. Покрај тоа што има свои здравствени бенефиции, можете да ја користите ова житарица како козметички призвод. Пилингот од ориз е ефективен козметички призвод кој има многу предности за вашата кожа. Во продолжение погледнете ги нашите предлози кои ќе ви подарат блескава и убава кожа.

1.Ориз и мед

Медот има многу антиоксиданси кои се одлични за кожата. Не само што ја хидратираат кожата, туку ја обновуваат. Медот ги отстранува мртвите клетки на кожата, ја освежуваат и носат сјај на вашето лице. Само сомелете натопен ориз, а потоа додадете неколку капки мед.

2.Оризово брашно и сода бикарбона

Имате масна кожа?! Третирајте ја со примерот на овој пилинг два пати неделно. Сомелете ги оризовите гранули или набавете оризово брашно. Додадете малку сода бикарбона и неколку капки мед. Направете тесто и нанесете на лице. Направете пилинг и нанесете го на лицето со кружни движења 1 минута, а потоа исплакнете со ладна вода. Содата е природен адстрингент кој ги отстранува мртвите клетки од кожата.

3. Домати и ориз

Натопете го оризот во вода околу 10-20 минути. Направете каша од домати и сомелете ги натопените зрна ориз. Потоа применете го овој домашен пилинг на вашето лице, за да се ослободите од мозолчињата. Доматот е природен производ за убавина кој се бори против акни и митесери.

4. Ориз и шеќер

Шеќерот е ефикасен пилинг кој не само што се бори против акни, туку и ја подмладува кожата. Помешајте шеќер и ориз заедно. Направете прав, а потоа додадете јогурт. Соединете го тестото и применете го на лицето и вратот. Тоа чисти, хидратира и ја регенерира кожата.

5. Ориз, млако и јаболков оцет

Ова е уште еден пилинг кој може да биде готов за само две минути. Земете малку оризово брашно и додадете две капки јаболков оцет и 4-5 капки млеко. Направете тесто и нанесете го на лицето и вратот. Кога ќе се исуши, исплакнете со ладна вода.


Оставете коментар

___