Ако сте љубител на кафе, својот омилен пијалок искористете го да направите нешто добро и за својата кожа. Талогот од кафе може да се претвори во најдобар пилинг кој кожата ќе ја направи неверојатна мека, нежна и сјајна.
Се што ви е потребно е – талог од кафе и масло (кокосово,маслиново и слично).
Во сад измешајте го талогот од кафе со неколку капки масло. Кожата исчистете ја, измијте се и исушете се но не потполно. Влажната кожа измасирајте ја со пилинг од мешавината. Потоа само измијте се со млака вода и нежно исушете се.

You must be logged in to post a comment Login