Во мини здолниште, кратки фустани и шорцеви, колената се во прв план, а лесната гардероба може потполно да ги открие и рацете. Ако во зима не сте ги негувале редовно, не е доцна да превземете нешто, но треба да почнете веднаш.
Потребно ви е : сок од половина лимон, лажица сода бикарбона, лажица од ситна морска сол и две лажици маслиново масло.
Изешајте ги состојките, нанесете ја пастата на лактите и колената и зацврстете ја со провидна фолија. По 15 минути, со кружни движења измасирајте на грубите и здебелни места неколку минути. Постапката повторете ја на секои 2 дена, а подоцна можете и еднаш во неделата.

You must be logged in to post a comment Login