Грижата за кожата е нешто кое секоја од нас постојано треба да го има на ум, ако не сака да биде доведена во ситуација кога кожата ќе ги издаде нашите години или кога од лицето секој ќе може да прочита за нервозите, грижите и непреспаните ноќи кои сме ги имале.
После она што ќе го прочитате сигурна сум дека во иднина повеќе ќе се грижите за вас и за вашата кожа.
Ајде да започнеме со набројување.
премногу хлор
Повременото пливање во базени можеби не влијае директно на кожата, но ако тоа пливање е често и долго, сигурно ќе забележите како кожата по извесно време почнува да ви се менува и од мазна и сјајна станува сува и се лупи. Сето ова се случува благодарение на огромните количини хлор кои се ставаат за да ја прочистуваат водата во базените.
спиење со шминка
Спиењето со шминка ги затвора порите на лицето а тоа резултира со појава на акни. Оние кои се мрзливи и кои немаат време пред спиење убаво да го измијат лицето и да ја отстранат шминката најчесто се соочуваат со сува кожа, акни и кршливост на трепките.
прескокнување на оброци
Не прескокнувајте ги дневните оброци бидејќи на кожата ѝ требаат потребните витамини за таа да изгледа здраво и природно.
Пијте најмалку 6 чаши вода во текот на денот, во лето 8, за кожата да биде правилно хидрирана.
внимателно со производите за коса
Покријте го лицето со чиста крпа кога прскате лак за коса и не дозволувајте шампонот или балсамот за коса да тече преку вашето лице.
не користете цевки за пиење
Било каков пијалак да пиете во никој случај немојте да користите цевки, бидејќи тие се едни од причинителите за појава на брчки околу устата и плус побрзо го стареат лицето. Кога сакате нешто да се напиете направете го тоа културно од чаша.
валкани очила за сонце
Потребно е секојдневно да ги чистите очилата за сонце бидејќи на таков начин не само што ќе ги заштитите вашите очи, туку истовремено ќе ја заштитите и кожата од појава на митесери во пределот околу носот.
не чепкајте го лицето
Чепкањето на лицето со цел да ги истиснете митесерите е многу лошо за вашиот изглед. При чепкањето, длабоко во порите навлегуваат бактерии кои можат да бидат причина за појава на лузни и брчки.
Чистењето на лицето оставете им го на дерматолозите.
никако не користете валкани четки за шминка
Четките со кои ја нанесувате шминката треба секојдневно да ги чистите, бидејќи токму во нив бактериите се развиваат со огромна брзина и можат да предизвикаат алергии, иритации, па дури и херпес.
често менувајте ги навлаките на перниците
Бидејќи лицето во текот на ноќта е во директен контакт со навлаките на перниците, истите треба колку што е можно почесто да ги менувате.Во текот на ноќта од лицето се исфрлаат мртвите клетки кои остануваат на навлаките оставајќи во нив еден куп бактерии и токсини, кои со повторна употреба повторно се враќаат на лицето и предизвикуваат несакани последици.

You must be logged in to post a comment Login