Додека размислувате како можете да се освежите во топлите летни денови, немојте да заборавите дека на вашата кожа и е неопходно освежување. Со правилна хидратација се препорачува еднаш неделно да ја “почестите“ со хранлива маска која ќе ја освежи.
Праската е одлична за нега на кожата. Богата е со каротен, со витамин Ц, Б1, Б2, Б5 и Б6. Содржи калциум, фосфор, хлор, бакар, цинк, железо, магнезиум и калциум. Доволно е да ја згмечите и да ја нанесете на лице и ќе делува на вашата кожа, но ви откриваме како праската може да биде уште поделотворна.
Потребни ви се: праки и мед.
Постапка: Излупете ја праската, а половина згмечете ја. Додадете една лажица мед, па измешете ја смесата. Маската нанесете ја на чиста кожа и оставете да делува 20 минути. Измијте се со ладна вода, па нанесете хидратантна крема. Покрај тоа што ќе го освежете лицето, ова маска ќе ја смири и исчисти кожата, а исто така ќе ги намали брчките.

You must be logged in to post a comment Login