• Сподели на:

Обликувајте ги вегите според должината и бојата на косата

___

Бојата на вегите треба да ја прилагодите освен на обликот на лицето туку и на бојата на косата. За девојките со плава коса, бојата на вегата треба да биде две нијанси потемна од бојата на косата, односно нијанси до две посветла, ако имате смеѓа или црна коса. Тоа на лицето ќе му додаде помек и природен изглед.

Фризурата исто така ги одредува вегите. На кратка коса најдобро и одговараат веги со средна дебелина со благ лак кој го отвара лицето. Шишките не поднесуваат густи веги кои излегуваат под прамените коса. На долга коса, особено плава, најдобро е да имате природни веги, дури и лакот немора да го менувате. Доволно е само лошите влакненца да се тргнат.


Оставете коментар

___