Кога станува збор за светиот грал помеѓу високите потпетици поголемиот дел од женската популација би се согласила дека ништо не може да се мери со пар високи Лобутин штикли.
Неодамна, Кристијан Лобутин издаде колекција на лакови за нокти во црна и црвена боја, со кои можете да ги „облечете“ и ноктите во овие две култни бои.
Сега жените низ светот маникирот го одведоа еден чекор подалеку, боејќи ја внатрешноста на ноктите во црвено. Токму така, најжешкиот тренд на социјалните мрежи во моментов се #Louboutinnails.

You must be logged in to post a comment Login