Многу е популарно и сликање на ноктите. Кога се мотивите во прашање не треба да се грижите, изборот е разноличен, па летото секогаш било посебна инспирација за nailart стручнаците.
Само убавите и негувани нокти привлекуваат внимание. Во лето најмногу доаѓаат до израз поради бојата и лесната облека, затоа е важно да направите добар избор на нијанси кои посебно ќе ги истакнат. Освен тоа многу е популарно и сликање на ноктите. Кога се мотивите во прашање не треба да се грижите, изборот е разноличен, па летото секогаш било посебна инспирација за nailart стручнаците.
Како зајдисонцето
Ова лето популарно е лакирањето на ноктите во нежно и интензивно портокалови нијанси. Портокаловите тонови најубаво стојат со исончан тен и светликави парчиња облека.
Морнари,море
Неизбежни се и морнарските линии, како и морските мотиви, како риби, школки, морски ѕвезди, сидра… Популарно е и лакирање во сите нијанси на сина, од посветли до потемни, така даваат ефект на бранови.
Цвеќе и овошје
Со цветните мотиви на ноктите ќе го освежите целокупниот изглед. Тука можете максимално да си поиграте со боите, во зависност од тоа што сакате. Одличен избор за лето се и разното сезонско овошје кое исто така изгледа многу интересно.
Тропски нијанси
И тие се симбол на лето, море, плажа… па во ова време од годината секогаш се врв на трендовите. Како и да ги носите ќе дојдат до израз. Можете и секој нокт да го преминете со различна боја, или само на еден нокт да комбинирате повеќе бои.
Маникир во две бои
Тренд на ова лето е лакирање на ноктите во две бои, така што со светлиот ќе направите лак кај коренот од ноктот, а остатокот со потемен лак. Можете, на пример, да комбинирате бела и интензивно портокалово, или сина и сребрена, жолта и зелена…



You must be logged in to post a comment Login