Сигурно безброј пати сте се запрашале како глумиците изгледаат толку добро. Шминката им е секогаш беспрекорна, а фризурата на место. Пронајдовме за вас трикови од најпознатите шминкери, кои ќе ви помогнат вашата шминка да изгледа беспрекорно.

– Шминката отстранувајте ја со течен интимен гел. Да, звучи чудно, но професионалниот шминкер Исидора, тоа го прави секојдневно. Овој производ не содржи сапун, па поради тоа се препорачува, бидејќи не го суши лицето.
– Доколку сакате да ставите вештачки трепки за очите да ви изгледаат поголеми, прво свиткајте ги со свиткувач за трепки. Доколку немате таква направа, тоа направете го така што ќе ги свиткате трепките околу молив.
– Доколку сакате да постигнете изглед како на Lady Gaga, користете црн глитер околу очите. Тој црн сјај можете да го фиксирате со гел за коса без алкохол, а вишокот отстранете го со помош на селотејп за да ги отстраните дамките, а да не го расипете остатокот од шминката.




You must be logged in to post a comment Login