Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

новости и трендови

Неколку совети за избелување на пеги од сонцето

Кога кожата е претерано изложена на сончевите зраци, на некои делови од телото доаѓа од зголемена работа на клетките меланоцити, што влијае на создавање на пеги и флеки по кожата.

Овие промени најчесто се јавуваат на делови на телото кои се директно изложени на сончевите зраци – лице, врат, грб, раменици, раце и гради.

Покрај негативното делување на сонцето, причинители за пегите може да бидат и годините, генетиката, влезот во менопауза, бременост, стрес, болест на црните дробови, хипертензија на кожата, недостаток на витамин Ц или Б12, пушење…

Ако пегите не растат и не го менуваат обликот, тогаш се безопасни, но тоа не значи дека луѓето не се трудат да ги отстранат колку и да се минијатурни.

Доколку и вие спаѓате во групата на луѓе кои летно време имаат изразени пеги, ова се неколку начини на кои можете да ги отстраните, сами и во домашни услови:

Комбинација од ориз и сок од лубеница

Во кората од лубеница направете мала дупка и ставете лажичка несварен ориз. Потоа дупката затворете ја со исеченото парче лубеница и се убаво замотајте во пластична фолија. Оставете да преноќи во фрижидер. Наутро извадете ги набабрените зрна ориз, помешајте ги со малку сок и пулпа од лубеница, добро изгмечете и добиената паста нанесете ја на кожата каде имате пеги. Оставете да делува 15 минути, па измијте со вода.

Сок од ананас

Нанесете го директно на лицето или вратот, па после половина час исплакнете со студена вода.

Црвена рибизла и мед

Помешајте 2 грозда црвена рибизла со лажица мед и смесата нанесете ја на местата каде имате флеки и пеги од сонцето. Оставете да делува 30 минути и исплакнете со топла вода.

Сок од лимон

За избелување на кожата најдобро е да нанесете свежо исцеден сок од лимон на критичните делови и да оставите да делува 30 минути. Оваа постапка треба да ја правите 2 пати дневно, најмалку 2 месеци континуирано.

Ако лимоновиот сок ви ја суши кожата, разредете го со вода од роза или мед, па тогаш нанесете го на кожата.

Лук и оцет

Измиксирајте една главица лук со 1 лажица јаболков оцет, процедете го добиениот сок и мачкајте ги флеките 2 пати дневно. Мешавината нанесувајте ја околу 6 недели за да забележите резултати.

Леблебија

Измиксирајте 100g сварена леблебија и додајте малку вода додека не добиете кремаста смеса. Со неа истријте ги флеките, оставете да делува 30 минути и исплакнете со ладна вода.

Компир

Сварете еден поголем компир и направете пире од него. Ставете неколку капки сок од лимон, лажица млеко и мед, се добро измешајте и нанесете го како маска каде имате пеги и флеки.

Млечни производи

Натопете парче памук во кисело млеко или павлака и премачкајте ги флеките. Оставете да отстои 30 минути, па потоа исплакнете со млака вода. Лицата со масна кожа може да додадат и неколку капки сок од лимон.

Во борбата со сончевите пеги исто така може да ви помогне мешавината од јогурт и лимонов сок. Нанесете на флеките, чувајте половина час и измијте со ладна вода.

Масло од рицинус

Втријте го маслото директно на флеката и не го бришете. Оставете го кожата да го впие. Постапката повторувајте ја најмалку еднаш дневно.

Витамин Е

Сличен ефект можете да постигнете и со капсулите со концентриран витамин Е. Отворете ја капсулата и исцедете го маслото, па нанесете го директно на пегите и флеките. Оставете преку ноќ да делува, а наутро измијте со млака вода.

 

Advertisement
Advertisement

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...