• Сподели на:

Нега на нокти со гел

___

Рацете се дел од телото, кои во комуникација со други луѓе имаат големо значење. Со говорот на рацете можно е да дознаете мнгоу особини на човекот. Убавите раце вклучуваат и убаво негувани нокти. Ноктите кај жените независно дали се долги или кратки, значајно влијаат на убавиот изглед на рацете. Еве неколку примери како ноктите да изгледаат убаво.

Негата ја нарекуваме постапка на гелирање, независно дали е прашање зацврстување, продолжување или надградба на нокти. Негата е потребно редовно да се прави затоа што во време од 4 до 6 недели (зависно од растот на ноктите) ноктите растат и потребно е повторно да се стави гел како под на оној постоечки за да не би влегло воздух. Кога ноктот обложен со гел премногу порасне почнува да изгледа неуредно и е склон на пукање. Затоа редовната нега на ноктите е далеку потребна.

Постапка на негата: Ноктите се кратат по желба а потоа стариот гел  се рамни со природниот нокт. Гелот не го тргаме од природниот нокт, туку само онолку колку што е потребно да ги поправиме нерамнините. Потоа ставаме нов гел. Ако ноктот пукнал, го поправаме исклучиво со шаблон и гел. Оваа постапка се повторува се додека сакате да имате нокти зацврстени со гел. Ако од било која причина сакате да го отстраните гелот – не смеете да го вадите на сила, туку ноктот обработете го и пуштете го да израсне. Ноктите ги кратиме и гелот го намалуваме. Како со време ноктот расте, така и гелот со кратење потполно ќе го снема.

Траен French и траен сјај

Францускиот маникир освен што може да се направи со лак, може и со гел. Тогаш е тоа потрајно и невозможно е да го оштетите со сушење. Белиот гел се става за време на третманот, испод гелот. Се запекува со ламба, а преку белиот се става сјаен гел кој доаѓа во три нијанси, млечно бела, роза и природна. Кога сјајниот гел полимеризира ноктот се брише, се потиснува кожата и третманот е готов. Така направениот француски маникир (French), може да трае и до месец дена. Преку трајниот French можете да се лакирате на било кој класичен начин.

1


Оставете коментар

___