Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

новости и трендови

Нега на кожата околу очите

Кожата околу очите е доста тенка и чувствителна, па затоа и е потребна посебна заштита и нега. Со помош на најсовремените третмани и специјализирани препарати, денес не е тешко да се изборите со сивилото и отоците околу очите. За да го зачувате од напнатост и замор вашиот поглед, препуштете се на посебни производи кои ја хранат кожата, ја хидрираат и спречуваат создавање брчки.

Отстранување на шминката

Најважно е кожата околу очите да ја чистите редовно, без разлика на квалитетот на шминката која ја користите и колку често ја нанесувате. Лосионот за отстранување шминка треба да биде благ и да не ја суши кожата. Најдобри се оние без масло – едноставни се за употреба, делуваат брзо и смирувачки. Особено е добро да се користат ако имате очи чувствителни на маснотија или ако носите контактни леќи. Водоотпорната маскара, за време на отстранувањето, речиси на сите им создава проблем. Меѓутоа, ако се определите за некој препарат со мала количина масти и доста витамини, чистењето на шминката нема да биде толку мачно, а така ќе ги избегнете и непријатните иритации.

Запомнете дека не се потребни секогаш скапи препарати, за да имате убава кожа околу очите. Најважна е редовната нега, и масирање на кожата околу очите со кружни покрети, од коренот на носот према веѓата, потоа надолу кон ивицата на окото и повторно према коренот на окото. По масирањето на окото во овој правец , правете осумки околу двете очи . Неколку минутна ваква масажа секојдневно, ќе ги освежи вашите очи повеќе од било каков скап крем или лосион.

При купувањето на производи за нега на кожата околу очите, одберете ги оние кои содржат растителни екстракти со ефект на ладење и релаксација, со цел да ги ублажат подочњаците и отоците. Добар избор секогаш се и балзамите кои содржат јојоба, пчелин восок и морков, бидејќи ја хидрираат кожата и спречуваат појава на брчки.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement