Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

новости и трендови

Најпосакуван изглед оваа сезона – Балерина мејкап

Се чини дека Св.Валентајн трае цела пролет, бидејќи пролетните мејкап колекции предлагаат романтика, грациозност и шарм. А дали има подобар синоним за овие атрибути од – балерина? Тие сами по себе се нежни и цврсти, кревки и жилави, а нивната грациозна игра, романтични фустани и шарм на лицето се вечна инспирација во светот на модата и убавината.

Оваа година тие моменти се ставени во центарот на вниманието. Беспрекорниот тен, нежно розеникави образи, невин поглед истакнат со перфектни потези на црн туш и румени усни, се најпосакуван изглед оваа сезона, изглед што никој не може да му одолее.

utekst'.jpg

Пастелните нијанси се помешани со живописни розови нијанси кои го освежуваат совршениот тен на лицето. Балерината остава впечаток дека и покрај беспрекорниот изглед, за него не вложила многу. Но, балерина мејкап не се само нежни пастелни нијанси, туку и поживи розови тонови кои ќе се истакнат преку заруменетите образи.

Токму тие тонови ги искористи и Шанел, притоа нагласувајќи ја романичноста и шармот на женското лице. Оваа сезона се носи изгледот кој ќе посакате да го испробате,  а пролетната инспирација пронајдете ја во нашата галерија.

Advertisement
Advertisement

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...