Се чини дека Св.Валентајн трае цела пролет, бидејќи пролетните мејкап колекции предлагаат романтика, грациозност и шарм. А дали има подобар синоним за овие атрибути од – балерина? Тие сами по себе се нежни и цврсти, кревки и жилави, а нивната грациозна игра, романтични фустани и шарм на лицето се вечна инспирација во светот на модата и убавината.
Оваа година тие моменти се ставени во центарот на вниманието. Беспрекорниот тен, нежно розеникави образи, невин поглед истакнат со перфектни потези на црн туш и румени усни, се најпосакуван изглед оваа сезона, изглед што никој не може да му одолее.
Пастелните нијанси се помешани со живописни розови нијанси кои го освежуваат совршениот тен на лицето. Балерината остава впечаток дека и покрај беспрекорниот изглед, за него не вложила многу. Но, балерина мејкап не се само нежни пастелни нијанси, туку и поживи розови тонови кои ќе се истакнат преку заруменетите образи.
Токму тие тонови ги искористи и Шанел, притоа нагласувајќи ја романичноста и шармот на женското лице. Оваа сезона се носи изгледот кој ќе посакате да го испробате, а пролетната инспирација пронајдете ја во нашата галерија.

You must be logged in to post a comment Login