• Сподели на:

Најголемите грешки кога нанесувате сенка

___

Од време на време би било добро да пробате нови бои за да на својот изглед му дадете нова свежина. Со боите на сенки добро е да се влезе во рутина и тоа ако сте ја пронашле палетата која најдобро ви прилега.

Многу жени нанесуваат две или три нијанси на сенка, но не ги претопуваат правилно една со друга, таканаречена блендање на сенки, односно спојување на светли и темни нијанси е техника која мора да се научи, а во тоа може да ви помогне некоја од школите за шминкање од Youtube. Блендањето е посебно важно ако добро го направите кога се работи за smoky eye.

Доколку нанесувате сенка на капки на која нема никаква подлога, шминката многу веројатно дека ќе изгледа лошо и неуредно бидејки секоја пора на капка ќе биде нагласена, а постои опасност и дека шминката ќе се размачка. Пред нанесување на сенка секако треба да нанесете подлога која може да се најде по пристојни цени. За помош во последниот момент ќе ви помогне и течна пудра или коректор. Со подлогата сенката подолго ќе трае.

Помалку е повеќе. Многу е полесно да додаете уште сенка отколку да ја отстраните ако сте нанеле повеќе, па затоа прво нанесете малку па појачувајте додека не го добиете посаканиот изглед. Но никогаш немојте да претерувате!

За да бидете сигурни дека сенката на очите добро ќе изгледа и ќе трае повеќе најдобро е да изберете онаа од среден ценовен ранг (или онаа поскапата доколку сте во можност).

 


Оставете коментар

___