Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

новости и трендови

Најдобрите anti-age рецепти од сите делови на светот

Жените од сите делови на светот тежнеат кон истото кога се работи за лицето и телото, а тоа е да изгледаат младо и да ја намалат видливоста на брчките на лицето. Ви откриваме anti-age рецепти од сите делови на светот.

Kинезите прават маска од два најпознати видови на чај – зелен и бел. Бидејки и едниот и другиот се богати со антиоксиданси, келиите на кожата брзо ќе се обновуваат и се намалува појавата на брчки.

Рецептот е едноставен – три лажици зелен чај во прав помешајте ги со три лажици бел чај додека не настане паста, па додате неколку капки сок од лимон. Маската нанесете ја на лицето и оставете да делува 15 минути, па потоа измијте ја со млака вода.

Жените од Индија го користат чајот од ѓумбир, а потоа на лицето нанесуваат и маска од свежо изрендан ѓумбир со малку мед. Ова смеса делува антибактериски и го смирува воспалувањето, а ѓумбирот го спречува уништувањето на природниот колаген.

Во Мексико, рацете се негуваат со пилинг од лимон и шеќер. Лимонот делува како антиоксиданс и  помага во задржувањето на хидратацијата на рацете, а шеќерот ги отстранува мртвите клетки, го изедначува тенот и ги избелува флеките.

Рецептот е лесен за помнење: две шољи шеќер, шоља маслиново масло и пет лажици сок од лимон се мешаат и смесата се нанесува на раце. Се остава да делува десет минути и потоа рацете ги миеме со млака вода. Однапред подготвениот пилинг можете да го чувате на темни и ладни места.

Жените од Франција својот млад изглед го одржуваат со помош на екстаркт од семки од грозје кој го подигнува нивото на антиоксиданси во крвта, постигнува производство на колаген и ја чува еластичноста на кожата. Секој ден треба да земете 100 милилитри екстаркт, што одговара на количина од 1 килограм грозје.

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...