Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

новости и трендови

Најдобри начини за „пеглање“ на линиите околу устата

Брчките околу очите и усните се двата најочигледни знаци кои покажуваат дека нашето лице започнало да го чувствува притисокот на времето. Иако не можеме во целост да ги избришеме и да го одложиме стареењето постојат повеќе начини и третмани со кои истите стануваат помалку забележливи, а нашата кожа ја задржува еластичноста и мекоста.

Линиите околу усните настануваат од две причини. Првата е постојаното користење на устата, додека втората се однесува на губењето на колагенот и еластинот поради што линиите стануваат позабележливи, а кожата потенка.

Третмани во 30-те и раните 40-те години од животот

Во овој период се препорачува користење на третмани и креми со хијалуронска киселина чии ефекти можат да траат од 12 до 18 месеци. Филерите со оваа киселина ги мазнат линиите и го враќаат младешкиот изглед на кожата.

Третмани во средните 40-ти и 50-те години од животот

За оваа возраст најдобро функционира ботоксот што овозможува пополнување на вдлабнатините, а со тоа и поплитки линии.

Третмани во 60-тите

Одлична опција за мазнење на сега веќе длабоките линии се ласерските третмани кои ја затегнуваат кожата и ја намалуваат видливоста на брчките.

Природни начини за намалување на видливоста на линиите

  • сок од лимон – исечете половина лимон и нанесете врз линиите. Витаминот Ц ги неутрализира слободните радикали и го враќа сјајот на кожата.
  • паста од авокадо- изгмечете малку авокадо и во него додадете мед и јогурт. Маската нанесете ја околу устата и оставете да дејствува 20 минути. Авокадото е богато со витамин Е кој ја омекнува кожата и ги мазни линиите.
  • листови зелка –земете неколку листови зелка ставете ги во блендер и додадете малку мед. Потоа добиената паста нанесете ја на лицето. Зелката содржи бета каротен, витамин Ц и селениум кои го успоруваат стареењето и ја враќаат младешката виталност на кожата.
  • кокосово масло- во малку кокосово масло ставете шеќер, па потоа нежно измасирајте ја кожата каде што се линиите. На крајот измијте со млака вода.

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...