• Сподели на:

Најдобра крема за лице

___

Овој рецепт за домашна хидратантна крема за лице секојдневно ќе ве одушевува со прекрасниот природен мирис, додека во исто време ќе ја навлажнува и лекува кожата. Едноставноста никогаш не била поедноставна. Најдобрите работи се секогаш едноставни, зарем не?

Состојки: ½ шолја кокосово масло, 1 лажица течен витамин Е (да се чува од стареење и природен конзерванс), 5-7 капки есенцијално (етерично) масло од лаванда (или пак она што вие сакате).

Ставете го кокосовото масло, витаминот Е и маслото од лаванда во сад. Потоа добро измешајте. Ако ја правите оваа крема на поладно време, кога кокосовото масло има тенденција да биде тврдо, ќе морате прво да го загреете кокосовото масло на собна температура, да го изгмечите потоа со миксер да ги измешате сите овие состојки за да можат да се соединат, за на крај да добиете кремаст производ.

Сето ова префрлете го во тегла, чувајки ја подалеку од извор на топлина и светло. Најдобро би било да ја чувате во фрижидер.

Користете ја оваа крема наутро и навечер. Доволна е мала количина а кремата трае и трае…


Оставете коментар

___