• Сподели на:

Моќна маска од кајсии за лице и тело

___

Кајсиите се многу вкусни, но покрај тоа тие имаат многу лековито дејство особено за негата на кожата и косата. Ова е причина зашто многу производи содржат и кајсии меѓу останатите состојки. Затоа ви препорачуваме навистина ефикасна домашна маска која можете да ја користите за нега на целото тело.

Подготовка:

Измијте и излупете две зрели кајсии. Пресечете ги и отстранете ги семките. Потоа ставете ги во блендер и додадете лажичка мед и лажичка маслиново масло. Мешајте додека сите состојки добро не се соединат. Оваа добиена смеса можете да ја нанесете на лицето, деколтето и косата.

Оставете да делува дваесет минути а потоа исплакнете со топла вода. Ефектот е видлив по првата употреба.


Оставете коментар

___