Шминката може да ве подмлади, но и да направи да изгледате постаро. За да не постигнете спротивен ефект од она што навистина сакате да направите, обрнете внимание на следното:

Руменило
За помлад изглед користете потопли, посветли нијанси и нанесувајте го руменилото на горниот дел од јаболчниците. Ако пак, сакате да делувате постаро, користете поконтрасни бои.
Кармин
Посветлите тонови ќе направат да изгледате помлади, додека со темен кармин ќе делувате посериозно и повозрасно.
Темен тен
Внимавајте на потемнувањето ако сакате да изгледате младо. Со него до израз доаѓаат разни дамки, флеки и неправилности на кожата, додека светлиот тен дава впечаток на свежина.
Веѓи
Со погусти веѓи секогаш ќе делувате помлади отколку со истенчени веѓи. За ваков ефект ви се доволни моливче за веѓи и сенка за пополнување.
Крем
За заштита на својата кожа користете единствено креми со висок заштитен фактор. На тој начин ќе го спречите појавувањето на пигментациски дамки и вашиот тен ќе делува подобро и поздраво. Ако вратот ви е нешто потемен, тогаш поради разликата земете потемна пудра.

You must be logged in to post a comment Login