• Сподели на:

Мејкап грешки поради кои изгледате постари

___

Стареењето е сосема нормален процес, но припадничките на понежниот пол честопати го доживуваат стресно.

Речиси и да не постои жена која не сака да ги прикрие брчките и да изгледа помладо, но во борбата со знаците на стареење многу жени претеруваат и добиваат токму спротивен ефект.

Неколку едноставни мејкап совети може да ви помогнат да изгледате свежо и младо, и успешно да ги прикриете знаците на стареење.

Пудра

Сосема тенок слој пудра е доволен да се прекријат неправилностите на кожата и да се добие помладешки изглед. Нанесувањето дебел слој не само што изгледа неприродно, туку уште повеќе ги нагласува брчките и порите на лицето.

Руменило

Се нанесува со еден потег на четката, од внатрешноста на лицето кон надвор, но не смее да биде нанесено премногу блиску до носот. За свеж и младешки изглед користете розово руменило наместо темни и силни нијанси.

Маскара

На горните трепки изгледа одлично, но нанесувањето на долните трепки не се препорачува поради ефектот на изморени очи. Наместо црна, обидете се со кафеава маскара. Истото се однесува и на моливчето за очи. Кафеавите нијанси секогаш изгледаат поприродно од црните.

Веѓи

Тенките веѓи одамна не се во мода, а и не изгледаат убаво. Густите и убаво обликувани веѓи му даваат помладешки изглед на лицето. Празнините пополнете ги со моливче кое одговара на бојата на вашите веѓи.

Кармин

Темните нијанси никако не помагаат за младешки изглед. Изберете руж за усни со нежна боја која е најблиска до природната боја на усните.

Светкави сенки за очи

Сувата кожа околу очите е првото место каде се појавуваат брчките. Светкавите и мрсни сенки уште повеќе ги нагласуваат овие непосакувани линии, затоа секогаш користете мат сенки за очи.


Оставете коментар

___