Маските за лице се се најдобар начин за освежување и обновување на кожата. Користете ги периодично за да го задржите задоволството на убава и здрава кожа.
Како да одберете маска за лице за вашиот тип на кожа?
1. Маските се поделени во категории според
– Различните типови кожа: сува, масна и комбинирана
– Посебни потреби на кожата: чувствителна, склона кон акни, груба и болна.
2. Ако сте склони кон акни на кожата, внимавајте на состојките како салицилна киселина, сулфур и масло од чајно дрво. Тие ги убиваат бактериите кои предизвикуваат акни.
3. Оксидирачкиот ефект на маските е вистинско задоволство за кожата. Тоа е како енергетска инекција за изморена кожа и кожа под стрес.
4. Хидратантните и хранливи маски содржат состојки како што се глицерин, мед, млечни протеини, алое вера, растителни маска и антиоксиданси. Тие и помагаат на сувата кожа и на кожата која се лушти.
5. Пилинг маските обично се базирани на глина – тие длабоко ја чистат масната кожа. Глината ги апсорбира мастите, ги чисти порите и ја освежува кожата.
Ставете си си соодветна маска и запалете свеќи во вашата бања креирајте спа атмосфера за да ја разгалите вашата кожа. Подгответе си ароматична бања, ставете парчиња краставица на вашите очи и кажете му „Збогум“ на стресот.

You must be logged in to post a comment Login