• Сподели на:

Маска за лице од младо сирење

___

Кога негувате осетлива кожа мора да бидете крајно внимателни во одбирање на соодветни производи

Сепак, од страв дека и производите наменети за осетлива кожа може да им наштетат, многу жени се одлучуваат за нега со природни состојки.

Ако сакате третмани со добро познати состојки, ви откриваме рецепт за маска која е идеална за нега и на анјосетлива кожа.

Се што ви е потребно се две лажици младо сирење, кое треба да го измешате со една лажица мед. Мешајте се додека не добиете убаво соединета смеса.

Маската нанесете ја на претходно исчистено лице и оставете да делува 20 минути. Не ја испирајте маската со вода. Наместо тоа, натопете памук во топло млеко исо тоа нежно извадете ја маската од лицето.


Оставете коментар

___