На сите нас ни е познато дека јаболкото е здраво овошје и дека секојдневно би требало да го конзумираме. Меѓутоа, можеме да го користиме и како маска за лице за кожата да изгледа посвежо. Ако сакате сами да направите маска за лице од јаболко, проследете го рецептот.
Земете мала јаболка и издробете јас. Потоа додајте лажица свежо сирење и лажица лимонов сок. Сите состоки добро измешајте ги додека смесата не стане хомогена. Маската нанесете ја на лице и оставете ја да делува 15 минути, а потоа само измијте го лицето со ладна вода.
Млечната киселина која се наоѓа во сирењето е идеален чистач на кожата, помага во отстранување на вишокот себум. Оваа маска е идеална за масна кожа, но можете да бидете сигурни дека нема да ви го исуши лицето. На вашето лице ќе му даде чувство на свежина.

You must be logged in to post a comment Login