Денес во светот постојат повеќе од 20.000 врсти на ружи и тие се применуваат во скоро сите козметички поими. Ако имате покрај себе ружи во раце, направете ја за себе оваа маска.
2 цвета од ружа, ½ шолја чист алкохол, 1 истолчена жолчка, 1 лажица истопен мед.
Листовите од ружите ставете ги во сад и прелијте ги со чист алкохол. Добро затворете го и оставете да отстои на темно место неколку денови. Потоа исцедете го алкохолот и измешајте со медот и истолчената жолчка. Оваа смеса да се држи на лицето 15 минути и потоа измијте го лицето со топла вода. Третманот повторете го до три пати во неделата.

You must be logged in to post a comment Login