• Сподели на:

Маска од јаболка против стареење

___

Познато е дека јаболката се полни со витамини посебно со А,Ц и Е, кои го штитат организмот од слободните радикали кои се одговорни за стареење на кожата. Освен овие јаболкото содржи пектин кој ја омекнува и смирува кожата и Малеска киселина која служи како пилинг. Јаболката имаат антиоксидантно и тонифицирачко дејство,а освен ова ги штитат капиларите од пукање.

Маска од јаболка за нормална кожа
Земете 2 кг јаболка измелете ги заедно со се кората и смесата ставете ја на собна температура околу 8 часа. Потоа од смесата ставете на чиста газа и залепете ја на деловите на вашето тело (деколте, врат, лице или дланки) оставете ја да делува околу 20 минути Потоа извадете ги облогите и измијте се со вода во која ќе ставите 20 капки етерично масло од  невен и камилица. Ова дополнително ќе ви ја омекне кожата.

 

Маска за сува кожа

Потребно ви е една жолчка од јајце и 3 лажици изрендани јаболка. Измешајте ги јаболката со жолчката од јајцето и маската нанесете ја на влажно лице. Оставете ја да делува 30 минути, а потоа измиете се со млака вода. Оваа маска може да ја ставате еднаш неделно,а вашата кожа ќе ви биде мека и затегната.

Оставете коментар

___