• Сподели на:

Маска од чоколадо за сува кожа

___

Чоколадото е идеално за нега на сува кожа, бидејќи содржи витамини, минерали, како и кофеин кој поттикнува циркулација на крвта и спречува појавана отоци.

Какаото ја хидрира и подмладува кожата, а благодарејќи на состојките како теобромин и теофилин, чоколадото ја затегнува кожата.

За најдобра нега на кожата изберете темно чоколадо, бидејќи содржи најголем процент на какао. Освен чоколадо, потребно ви е жолчка од јајце и павлака.

Изматете ја жолчката, додадете по една лажичка павлака, топла вода и чоколадо кое претходно сте го растопиле на пареа. Добро измешајте, па нанесете на претходно исчистена кожа на лицето и деколтето.

Со прстите нежно масирајте ја кожата додека ја нанесувате маската. Оставете да делува 15-20 минути, па исплакнете со млака вода. На кожата потоа нанесете вообичаена хидрантна крема.


Оставете коментар

___