Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

новости и трендови

Make up совети за мешање на сенки

Зошто да се мачиме кога постојат толку многу нијанси? Навистина во некои ситуации една сенка е доволна, но понекогаш миксот на шминки ќе ве направат поубави од кога и да е, особено ако станува збор за некоја свеченост.

Секоја сенка дава сосема поинаков изглед. Потемните прават очите да изгледаат подлабоко и секси, комбинирани со посветла нијанса го дефинираат и отвораат окото. Почетници во сето ова треба да почнат со мешање на слични нијанси.

Пример посветлата и потемната нијанса на една боја. Треба да се внимава и на текстурата на сенките. Не може да мешате сенка во прав со мрсна. За најдобро да видите како ќе изгледа добиената боја, мешањето правете го врз дланката (кај палецот) каде што тестирате кармин и пудра. Мешајте со прст, а нанесувајте само со четка.

Само со мека и квалитетна четка ќе може рамномерно да го нанесете измешаниот состав. Сигурно помислувате дека треба да бидете родени за да ја изведете ваквата техника, но со малку вежбање и вие ќе научите.

Мешањето можете да го изведете на два начина. Ставате од двете сенки на капакот и потоа мешајте ги. Или пак можете да нанесете една сенка на целото око, па мешањето да го изведете со нанесување на другата озгора. Одлучете се за тој што повеќе ви одговара.

Олеснително е ако првин ја ставате темната сенка па потоа мешате со посветла т.е ја осветлувате. Кога ќе решите да ставите дијаметрално различни бои, особено треба да внимавате на преминот. Ако ставате виолетова и зелена сенка, меѓу нив ставете малку бела и сина.

Никако немојте да дозволите окото да ви изгледа поделено на две бои, половина зелено полвина виолетово. Ќе изгледате како готов производ, округла сенка во две бои.

Бидете внимателни кога го правите мешањето и спојот на сенките. Започнете со виолетова, во средината нека се затемнува и нека се спои со зелено, сино и со бело, нека завршува со потемно кон најсветло зелено.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement