• Сподели на:

Лавандата е смрт за акните

___

Епа драги читатели дојде време и за овој момент! Дојде крајот на акните, бубулиците, мозолчињата! Решението е во секојдневната билка која ја користиме за многу работи.

Станува збор за маслото од лаванда и неговата секојдневна употреба. Односно, доколку редовно го чистите лицето со масло од лаванда, акните многу брзо ќе се повлечат без да остават лузна на лицето или црвенило. Лавандата е природен антисептик и аналгетик, па поради тоа брзо продира низ кожата и ги чисти и смирува сите воспалени пори. Исто така има и регенерирачки својства кои и помагаат на кожата да заздрави.

Постапката е многу едноставна. Нанесете една капка на парче памук или на чепкалка за уши и нежно истријте ја акната. Постапката треба од три до пет пати да се повтори дневно и набргу ќе ги забележите резултатите.

Резултатите од употребата на маслото од лаванда го потврдуваат повеќе истражувања од целиот свет. Не се забележани никакви несакани појави.


Оставете коментар

___