Кратките нокти се идеални ако сакате да експериментирате со необични бои, бидејки на нив одлично стојат сите видови на нијанси, од темни до млечно бели.
Темен – Идеален избор, доколку сакате визуелно да ги издолжите ноктите, но немојте да ги мачкате до ивицата.
Провиден – Одговара на секоја должина и облик, добро решение ако на брзина ги лакирате ноктите, а сакате дискретен сјај. Грешките се мали и не бараат потполно мирна рака и концентрација како темните нијанси.
Пастелни – Нежните бои даваат природен изглед и лесно се нанесуваат, но ноктите независно дали се долги или кратки, би требало да бидат добро обликувани. Ситните неправилности не се воочуваат како кај темните.
Без оглед на изборот на бојата, сепак е најважна нега, хидратација, полирање и обликување на ноктите.

You must be logged in to post a comment Login