Клеопатра се бањала во млеко, но не без причина. Како што вели легендата, Клеопатра најмногу сакала да се бања во козјо млеко во кое е додавано и малку мед. Таа мешавина кожата ја прави мека и нежна, и дава влажност и долготрајна нега.
За да уживате во благодетите на таа купка, неморате да земете козјо млеко, затоа што и она кравјото може да го има истиот ефект. Во наполнета када додајде 1-2 литри загреано полномасно млеко и една лажица мед или купена пена за бањање на база на мед и млеко. Тајната на таа комбинација е во тоа што млечната маст ја смирува и ја мазни кожата, а витамините од медот ја чуваат нејзината младост.

You must be logged in to post a comment Login