Докажано е – однесувањето на вашиот бивш може да влијае на изгледот на вашето лице. Се покажало дека раскинувањето или разводот доведува до проблеми со кожата.
Кои се последиците од раскинувањето?
“Црвенило, кесиња под очите и дехидрација се честа појава после раскинувањето”, објаснува доктор Том Мамом.
“Со други зборови, раскинувањето може да ве направи да изгледате постари. Стресот влијае на стареењето на кожата, а сите знаеме дека љубовните проблеми предизвикуваат долгорочен стрес”, истакнува докторот.
Секако, би било залудно и невозможно да бараме од жената после раскинување да не пати, само за да ја зачува својата кожа, но докторот тврди дека не е се изгубено.
“Многу е важно да се внесува многу вода за кожата да не дехидрира, а раскинувањето одлична прилика за купување на некоја нова крема за просторот околу очите и крема за лице со пептиди кои ќе ја сочуваат еластичноста на кожата”, истакнува докторот.

You must be logged in to post a comment Login