Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

новости и трендови

Грешки кои ги правите кога ги бричите нозете

Наједноставен и најдостапен начин за секојдневно одстранување на несакани влакна е бричење, а да ги одстраните вообичаените грешки кои често резултираат со исекотини, иритација и израснати влакна, најдобро е да се придржувате на следните правила.

Правете пилинг на кожата пред бричење

Со пилингот ќе се решите од мртвите ќелии на кожа која може да го затне бричот и да го отежне бричењето.

Секогаш користете гел или крема за бричење

Немојте да мислите дека со сапун или со гел за туширање адекватно ќе ја замени кремата/гелот за бричење. Сапунот само ќе ја исуши кожата, додека производите за бричење ќе дадат хидратација и го олеснува бричењето.

Бидете нежни према кожата

По бричењето најдобро е да избегавате груби ракавици или сунѓери за миење на телото, бидејки со тоа само ќе ја иритирате кожата која сепак ќе дојде до појава на црвенило.

 Бричете се пред крај на туширањето

Топлината и пареата ги омекнува влакната и ги отвара порите а кожата. Поради тоа нозете налесно е да ги избричите на крајот од туширањето.

Немојте да бричите само половина нога

Многу жени прескокнуваат подрачјето на бутините, што е голема грешка. Овој дел на телото е многу важен како и другите делови на нозете.

Долгите движења не се подобри

Тоа е една од честите грешки кои ги правиме. Подобри резултати секогаш ќе постигнеме ако се бричиме со кратки движења и не го притискаме бричот.

А каков е бричот?

Наоѓање на одговарачки брич е првиот чекор до удобно бричење. Правиот брич мора да има повеќе оштрици што значи дека нема да морате многу пати да го бричите истото место.

Намачкајте ги нозете

Како што секојдневно го мачкате лицето со крема, мора да внимавате и на вашите нозе. Кога ќе почувствувате дека кожата е сува, хидрирајте ја со лосион или млеко за тело.

Не заборавајте на заштита од сонце

По бричењето или депилација на нозете најосетливи се во текот на излегување на сонце, каде треба адекватно да се заштитат со крема со заштитен фактор. Притоа бирајте немасни креми или лосиони кои не само што ја штитат кожата, туку и ја хидрираат.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement