• Сподели на:

Градиент нокти

___

Ова е една мошне застапена техника за украсување на ноктите, а дава извонреден резултат. Особено е корисна за оние кои не се вешти во цртање линии.

Се што ви треба се лакови во неколку нијанси или бои, сунгерче , ацетон, базен и топ лак. За украсување на ноктите можете да го користите обичното сунгерче за шминка, обично памбуче, или можете да купите посебен сет од Конад, кој е прилично скап. Може да се користи и некоја постара широка четкичка.

Има три начини на изработка на градиент нокти. Ви го претставуваме наједонставниот.

Постапка

Откога базниот лак ќе се исуши , на сунгерчето ставете ја нијансата на лакот што ја сакате и тапкајте го по цел нокт. Постапката повторувајте ја додека е го добиете саканиот ефет. Притоа, повеќе боја нанесете на коренот на ноктот, зошто тој дел од ноктот ќе остане во таа боја.

Причекајте да се исуши првиот лак, и почнете да го тапкате потемниот лак, и тоа отприлика малку повеќе од половина на ноктот.

На крајот ставете ја најтемната нијанса и тоа на врвот на ноктот. Исчистете ја кожата околу ноктот и премачкајте го ноктот со сјај. Зарем не е убаво?

Доколку ги менувате боите на лаковите , добивате најразличен изглед на градиент нокти. Еве на пример како изгледаат со црн лак како базен, а златен како надлак.


Оставете коментар

___