• Сподели на:

Газоманија: Вградувањето на силикони во задникот се’ почеста појава меѓу жените

___

Откако Американското здружение на естетски хирурзи истакна дека пластичните операции на задникот се легални, девојките ширум светот масовно почнаа да ги зголемуваат своите позадини.

 Guzica-17

Според најновите извештаи на Американските естетски хирурзи, од ден на ден им се зголемува бројот на девојки кои доаѓаат со желба да имаат поголем задник.

Минатата година во САД се извршени неверојатни 10.000 операции за зголемување на задникот, што од 2012 година претставува пораст, во просек за 16%.

Иако минатата година се изнаслушавме за случаи за илегални инјекции за пластично зголемување на задницата, некои дури и со смртни последици, тоа воопшто не ги уплашило девојките ниту ја спречило нивната желба за поголем задник.

Guza-10

Од кога во Америка стана легално пластичното зголемување на задникот, во ординациите на естетските хирурзи редовите се се’ подолги, бидејќи девојките се се’ позаинтересирани за тој вид на операции.

Додека ваквото зголемување не стана легално, желбата на девојките ширум светот беше да имаат позадина како Пипа Мидлтон. Денес, со оглед на тоа дека стана легално т.н. “пумпање” на задникот, нивните желби се променија, па на денешните девојки инспирација им е планетарно популарниот задник на Џенифер Лопез.


Оставете коментар

___