Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

новости и трендови

Филмска еволуција на шминката – втор дел

Шеесетите

Она што холивуд го диктитра веќе не е доминантно. Младите се преориентираат кон рок и по ѕвездите, модните трендови не се симнуваат од големото платно, туку од подиумите. Високо подигнато коњско опавче, кратки шишки, како кај Brigitte Bardot. Во едно интервју за францускиот ELLE, таа открива дека користи само свеж кармин за усни и дека не поднесува течна пудра, а за шминкање троши најмногу 5 минути, со три потега на моливчето на неколку места. И тоа е сѐ. Благодарение на оваа изјава жените повеќе не го малтретираат лицето, во мода е провидниот тен, карминот е протеран бидејќи усните мора да сјаат и да бидат во спротивност со очите обрабени со црн креон и ајлајнер. Сенките се разнобојни и ги има многу. Во 1964 година се воведува маскарата која ги продолжува трепките, а малку подоцна таа ги руши сите рекорди во продажба во однос на било кој друг козметички производ. Се појавува и првиот, вистински сјај за усни.

Излегува филмот „Клеопатра“ (1963) и тој носи новитети во шминкањето. Магичните очи на Elizabeth Taylor обилно врамени со црн ајлајнер чија линија досега дури до слепоочниците долго времи имале свои следбенички. Во овој период исто така се појавуваат и различни варијанти на боб фризурата, а ја носеле Mia Farrow и Mary Kuant.

 60ti

Седумдесетти

Доажа шминкерско отрезнување. Сѐ повеќе вработени жени не сакаат да користат дречлива шминка која станува знак за лош вкус. Доминантен стил вовела серијата „Charlie’s Angels“ (со Kate Jackson, Farrah Fawcett и Jaclyn Smith). Фризурата на Farrah Fawcett ги враќа во мода локните, а како алтернатива на овој изглед е Lizа Minnelli чија кратка црна коса совршено одговарала со новите (општествени) тенденции. Во холивуд, како краен заговор, почнува да цвета естетската хирургија.

На пазарот се појавува серија на креми против стареење намента за широките маси чии заштитни лица се токму „вечно малдите“ филмски ѕвезди (посетите на естетските и пластичните хирурзи во тоа време сѐ уште биле строго чувана тајна). Најдолгиот и најскапиот договор на епохата е склопен меѓу Isabellа Rossellini i компанијата Lancome.

 Farrah Fawcett 1947-2009  Actress Pinup Charlie's Angel

Осумдесетти

Хероините од телевизиските серијали ги менуваат своте тоалети и љубовници преку ноќ. Династија ги руши сите рекорди на гледаност, а злобната Alexis Karrington (Joan Collins) станува нова икона на стилот враќајки го дрскиот и луд стил на шминкање.Обилно нанесените нијанси на сенките за очи, интензивното руменило на образите, црвениот лак на ноктите (и маникир и педикир), облека со дијаманти и сјајни нитни на женските чорапи. Мирисот на епохата дефинитивно е „Dior Poison“, оние постарите сигурно се сеќаваат на неговата… арома. Затегатите колкови и бујните деколтеа кои се појавуваат одненадеж стануваат вообичаена работа. И тоагаш на сцената се појавува потполно изменетата Cher! Пластичната хирургија станува незаменливо средство за демонстрација на богатството и постигнување на совршена надворешност.

Но, во оваа деценија излегува и филмот „Out of Africa“ со фантастичната Meryl Streep која претставува инспирација за модните дизајнери и стилистите за убавина, кои го вовдуваат сафари стилот во широка употреба. Беж нијансите стануваат задолжитени барем за едно парче гардероба што секој мора да го поседува. Новитет е бронзената пудра со која се постигнува „природно изочнчан тен“.

 80ti

Деведесетите

Од тронот се симнати филмските диви, и на нивно место се топ моделите чии слаби тела и фотогренични лица стануваат мерка за убавина. Сепак, многу брзо исчезнува границата меѓу филмот и модната писта. Моделите глумат во филмовите, а актерките шетаат во фустани со дизајнерски потписи и стануваат заштитни лица на некоја маскара или кармин. Креаторите и визажистите ги осмислуваат изгледите за филмските хитови, а Холивуд и понатаму ги диктира правилата на играта наречена – убавина. Светот на модата, филмот и козметиката вложуваат во високата технологија и специјалните ефекти.

Некој автентичен стил на деценијата не ни постои – модата се движи од изглед на хероински зависници до унисекс. Од раскошни модели до етно стил. Од анорексија до органска исхрана и природна убавина. На пазарот се појавуваат лакови за нокти во боја на темно чоколадо и црни нијанси. Chanel го лансира на пазарот „Rouge Noir“.

 Promos for 'Sex and the City: The Movie'

Ново време

Светот е се повеќе заинтересиран за приватните животи на холивудските ѕвезди, нивните куќи и летни вили, децата, но и кои се нивните стилисти и make-up  артисти. Серија која ја одбележа ова епоха е без сомнеж „Sex and the City“, а во следната деценија се појавија и два филма со исто име. Првиот помина во знакот на Chanel, а вториот со потписот на Dior – и тоа зборуваме за комплетен изглед. Благодарение на „Sex and the City“ феноменот, на улиците има се повеќе модни жртви (fashion victims), шопингот станува норма на живеење. Во однос на шминката, повеќе не е важно дали ви стои и дали воопшто користите ајлајнер во вилетова боја. Тоа мора да го имате! Настапува малопродажна диктатура и натпревар во рамки на индустријата за убавина, а секоја девојка која се грижи за себе си во секој момент треба да има на располагање најмалку шест различни парфеми.

Како контрапункт на ова лудило што постои на сцената е и другата екстремност – еко живот. Трендот секако дека повторно доаѓа од Холивуд. Во интервјуата кои секојдневно може да се прочитаат , ѕвездите се тркаат кој пие повеќе вода, кој се храни поздраво, кој користи што пооргански или воопшто необработени препарати кои ни ги дава мајката природа. Се добива впечаток дека холивуд од фабриката на соништата се претворил во ајурведски или будистички храм во кој се почитува само чистотата и сите се бават со јога.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement