• Сподели на:

Едноставен трик со кој можете да ги издолжите вашите трепки

___

Маскарата не мора да биде скапа за да има максимален ефект. Иако постојат различни брендови на овој козметички производ кои нудат разни трикови за издолжување на трепките, максимален ефект можете да постигнете и со најобична маскара и тоа со помош на само едно, бесплатно помагало од вашиот паричник.

Потребно ви е:

*Обична црна маскара

*Визиткарта

Постапка:

* Визиткартичката потпрете ја на капакот, до самиот корен на трепките.

*Четката од маскарата провлекувајте ја по трепките на класичен начин.

*Маскарата нанесете ја во два слоја.

*На овој начин ќе ги подигнете трепките и рамномерно ќе ги обоите од коренот па се до врвовите и со тоа ќе постигнете максимален ефект на двојно подолги трепки.

Исто така, на овој начин ќе го избегнете пресликувањето на маскарата на капаците.

*На истиот начин можете да ги нагласите и долните трепки.


Оставете коментар

___