• Сподели на:

Домашен рецепт за борба против нечистотијата на лицето

___

Капките за очи ги стеснуваат крвните садови и со тоа доаѓа до намалување на црвенилото. Исто така, можете да направите смеса од сода бикардон и лимонов сок и да оставете да делува во текот на ноќта.

Митесерите секогаш настануваат во најлошиот можен момент. Но, за среќа постојат домашни рецепти кои го намалуваат црвенилото. Ви носиме неколку:

  1. Капки за очи

Капките за очи ги стеснуваат крвните садови и со тоа доаѓа до намалување на црвенилото. Земете неколку стапчиња за уши и нанесете неколку капки. Потоа нанесете го директно на митесерот и оставете да делува 10 минути, а потоа измијте се со ладна вода. Повторете го третманот на секои два часа, додека не почнете да приметувате разлика.

  1. Лук

Верувале или не, лукот може да биде од голема помош. Тој има антибактериско дејство, а се бори против инфекциите во порите. Нежно втријте го на зацрвенетите делови. Оставете да делува најмалку половина час, а потоа измијте со вода.

  1. Паста за заби

Стариот добар рецепт, кој се применува пред да одите во кревет. Оставете пастата за заби да се исуши, пред да дојде во допир со перницата. Следниот ден исмијте се со вода.

  1. Масло од чајно дрво

Станува збор за природен антисептик, кој се бори против бактериите, кои доведуваат до акни и митесери. Земете стапче за уши и на него ставете неколку капки од маслото. Пробајте да го оставите колку што можете подолго, за подобри резултати. Доколку почувствувате пецкање, измијте се и разредете го маслото со вода.

  1. Лимонов сок

Исечете еден лимон и втријте го на проблематичното место. Оставете да делува 10 минути, а потоа измијте се со ладна вода. Исто така, можете да направите смеса од сода бикарбон и лимонов сок и да оставите да делува во текот на ноќта.


Оставете коментар

___